🎃 Што ако реалистичниот ентериер влезе во цртан Halloween свет? 👻🦇 Малку фантазија, топла светлина, свеќи и неколку непоканети гости. 😼
Како ви се допаѓа оваа трансформација на нашите 3D рендери? 🕸️
#Dekorama #InteriorDesign
🇮🇹🇮🇹 дизајн
Superleggera 🪑 на Џо Понти е чиста уметност!
Инспириран од традиционалниот Chiavarina стол од 19 век, Понти со години го дестилирал дизајнот до совршенство. За разлика од претходникот Leggera од 1951 со заоблени ногарки, тука оди чекор подалеку во инженерската прецизност елиминирајќи го секој вишок за да создаде ремек-дело.
Зошто нам ни се допаѓа:
🪶 ПЕРДУВЕСТ, тежи само 1.7 кг! Дизајниран толку паметно со триаголни ногарки од јасен што буквално можеш да го кренеш со само еден прст. Прелесен, а екстремно цврст.
ЕЛЕГАНТЕН, линиите му се толку тенки и прецизни што изгледа како да лебди во просторот. Минимализам со италијански шарм кој никогаш нема да излезе од мода.
СО КАРАКТЕР, конструкција е толку добра, што на фабричките тестови го фрлале од 4-ти кат и наместо да се скрши, тој едноставно отскокнувал од асфалтот! Синоним за истрајност спакувана во нежен изглед.
ЦЕНА, права ситница €1,256 до €2,422 во зависност од избраниот материјал, боја на дрвото (природен јасен, обоен или лакиран) и типот на седиштето (ткаенина или кожа)
cassina.com
Не сме биле, ама на листа е библиотеката Старфилд (Starfield Library) во Сеул, еден од најпрепознатливите културни и архитектонски симболи на Јужна Кореја. Сместена директно во срцето на огромниот трговски центар COEX Mall во луксузната дестинација Гангнам, претставува спектакуларен јавен простор на две нивоа, позната по своите импресивни полици за книги високи дури 13 метри.
Иако содржи над 70.000 книги и списанија, оваа „библиотека“ функционира повеќе како отворен градски атриум, споменик на модерната архитектура и исклучително популарна локација за фотографирање отколку како традиционална, тиква читална.
ZARA Home прекинувач за светло (единечен или дупли) со дрвен или метален финиш
1.990 - 2.790 мкд.
Преден поглед на кафеав правоаголен ѕиден прекинувач со заоблени агли и централен прекинувач.
Гондола како од „Славија“ на времето
Самостојна централна на повеќенивоа островска полица (долго име, превод од англиски) за малопродажен објект (со пет хоризонтални нивоа), асиметрично распоредени во вертикална насока. Конструкцијата е составена од хоризонтални полици со правоаголна форма и вертикални носечки панели поставени наизменично, со цел да се постигне карактеристичниот степенест изглед. Завршната обработка е во декор на природен даб, со видлива текстура на дрвото. Ако имате комерцијален простор и ви треба помош, додека сме на тема продажни простори.
Гистав Доре е уметникот кој го нацрта релјефот на човечката душа, распнат помеѓу најдлабокиот пекол на Данте и најсветлите ангели на Милтон. Неговите гравири не се обични илустрации, туку живи портали кон метафизичкото каде светлината и темнината водат вечна, епска војна. Тоа е апсолутен визуелен мистицизам кој и денес нè остава без здив.
Но, зад оваа космичка и религиозна уметност стои фасцинантна реалност. Доре бил неверојатен вундеркинд кој својата професионална кариера ја започнал на само 15 г. Неговиот мозок генерирал толку многу грандиозни визии, што самиот не стигнувал физички да ги изреже во дрво сите тие хипер-детални сцени. Затоа, на врвот на својата кариера во Париз, многу години пред Lucasfilm и специјалното студио за визуелни ефекти Industrial Light & Magic (ILM), раководел со огромна „фабрика за фантазија“. Оваа индустрија на имагинацијата вклучувала тим од околу 40 врвни мајстори-режачи кои со хируршка прецизност ги пренесувале неговите цртежи на дрвени блокови за печатење. Како вистински визионер, Доре ги поставувал метафизичките темели, а неговата армија од занаетчии ги преточувала во вечноста. Генијалец кој ја индустријализираше уметноста за да ја долови бесконечноста. 🌌👁️✨
#GustaveDore #ГаргојлиИАнгели #ПеколотНаДанте #Метафизика #Уметност #Книги #Вундеркинд #Мајсторство #Гравура
Prada си поигра со магијата на Disney. 🎨
А ние си поигравме со ВИ и со два ентериера. Што ако реалниот простор се претвори во бајка? 🐈
Еве како изгледа кога дизајнот, технологијата и фантазијата ќе се сретнат.
Кампањата на Прада tinyurl.com/ceyta2pw
#Dekorama #AI #InteriorDesign #Prada
Не дека го славиме ние, ама за тие што евентуално сакаат да научат повеќе
„Не смеам да се плашам. Стравот е убиец на умот.“
Од древните ритуали до современите ентериери, Halloween не е само празник на стравот, туку на имагинацијата.
Понекогаш најдобрите простори се оние што ни дозволуваат да се соочиме со непознатото. 🎃
dekorama.design/the-fascinat…
#Dune #Halloween #InteriorDesign
Внатрешно уредување со Декорама retweeted
Креативно и едукативно дружење во моето ателје, следната недела од среда до петок. Отворено за студенти од разни дизајн и продукт факултети и академии, занаетчии, уметници, како и (еко) ентузијасти кои сакаат да работат со раце и стекнат нови вештини 🌀✨
Столчињата Сенуфо се традиционални парчиња мебел од Западна Африка. Станува збор за ниско, скулптурално столче со карактеристични дебели ногарки и благо закривено седиште. Се изработуваат рачно од едно парче дрво (акација, ироко, кесар, вава или Махагони). Денес се хит во модерниот ентериер како масички или декорација поради автентичниот рустичен изглед. 🪵 #Ентериер #Дизајн #ДизајнНаЕнтериер #Мебел #HomeDecor #SenufoStool #ВнатрешенДизајн
Кога дизајнот излегува од рамките. 🪑
Муабет со македонската продукт и индустриска дизајнерка Ивана Недељковска.
Дали дизајнот треба да ги следи трендовите или да ги создава?
🔗 Прочитајте го интервјуто овде или на dekorama.design View article
Барската количка не е само за алкохол, тоа е мобилна станица за преживување од понеделник до петок!
🍸 10% чување пијалоци и опрема за коктели
🛋️ 40% врвен дизајн што го разубавува ентериерот
🆘 50% мобилна прва помош кога работната недела ќе стане предолга
Полица во форма на коцка за редење по пристапни цени 639-759 мкд. Тему е поскапо :)
sinsay.com/mk/mk/polica-vo-f…
Добриот ентериер не е случајност. А добриот дизајн не е луксуз.
Дали билбордите и другите форми на outdoor advertising сè уште имаат смисла за малите бизниси?
Или денес, кога секој ден се бориме за внимание на социјалните мрежи, парите е подобро да се вложат во дигитален маркетинг?
Што би избрале вие за мал бренд со ултра мал ограничен буџет?
📐 Колкава треба да биде висината на лавабото во бањата?
Според вообичаените ергономски препораки за станбени бањи, горниот раб на лавабото најчесто се поставува на 85–90 cm од готовиот под. Целта е да се овозможи удобно користење со помалку непотребно наведнување.
Кај лавабо поставено врз плоча, висината на долниот елемент се пресметува земајќи ги предвид и дебелината на плочата и висината на лавабото.
📏 Важно: 85–90 cm е ориентациска препорака, а не универзално задолжителна норма. Конечната висина треба да се усогласи со корисникот, избраниот модел и начинот на монтажа.
П.С. Во архитектурата и ентериерното уредување, Нојферт (Neufert) е една од најпознатите референтни прирачници за димензионирање, но не е универзален нормативен стандард што задолжително важи во секоја земја и за секој елемент.
Важно е да разликуваме три работи:
Нојферт - Architects’ Data: референтен прирачник со антропометриски податоци, функционални димензии и принципи за проектирање.
Национални стандарди и прописи: зависат од земјата и од видот на објектот. Тие може да содржат задолжителни барања за пристапност, безбедност и други аспекти.
Упатства од производителите: особено важни за конкретни лавабоа, славини, сифони и мебел за бања, бидејќи геометријата и начинот на монтажа се разликуваат.
РЕТРО
Skye Lounge Chair (IKEA, 1980s) е веројатно најдобрата vintage зделка што можете да ја уловите моментално. Дизајнирана од Торд Бјорклунд, оваа лежалка изгледа како скап италијански дизајн, а не масовна продукција. Зошто вреди за секое евро (дури и на старо за ~500€ pamono.eu)? • Инвестиција, вредноста на оваа класична фотелја само ќе расте со годините.
• Квалитет, во 80-тите се користеше вистинска, дебела кожа и тежок челик - направено е да трае вечно.
• Удобност, скулптурална линија што совршено го следи телото. Буквално лебдите.
Фотелјата Libra од Џампјеро Таљафери e совршен спој на 70-тите и модерниот дизајн. 🛋️ Името доаѓа од латинскиот збор за вага, а тоа е токму таа рамнотежа помеѓу меките волумени на кожата и металната основа. Рачно изработените детали и централните шевови ја прават оваа фотелја вистинско ремек-дело. minotti.com/it/libra #Дизајн #Libra #GiampieroTagliaferri #Мебел
Преклопни🚪
Преклопните врати заземаат помалку простор од класичните и овозможуваат собите да ја менуваат функцијата според потребите.
🍳 Во кујната - ги задржуваат мирисите од готвењето, без да ја блокираат светлината.
🛋️ Во дневниот простор - две помали простории се претвораат во една поголема.
🏡 Кога ви треба флексибилност - отворете, затворете или променете ја функцијата на просторот.
Паметен дизајн за секој квадратен метар. 🏡





















































