Pinned Tweet
Во случај да се затвори Твитер сакам да знаете, не сум од Драчево. Никогаш не сум ни бил во Драчево. Од Велес сум.
Општина Драчево во знак на протест поради новите двојазични банкноти нема да го користи македонскиот денар при вршење трговски зделки на територијата на општината, трговија со услужни дејности и стоки ќе се извршува исклучиво со кромид.
Општина Драчево им го честита разводот на познатата американска глумица, поп-пејачка и танчерка Џенифер Лопес и на американскиот глумец, режисер, сценарист и продуцент Бенџамин Афлек.
Општина Драчево им честита на сите кои го слават светскиот ден на менталното здравје, исто изразува сочувство на оние кои страдаат од него, како и на оние кои страдаат од тие кои што страдаат од него.
Општина Драчево ја информира јавноста дека благодарение на нашиот крст од 64 метри нема никаква штета предизвикана од ураганот Милтон на територијата на општината.
Општина Драчево со нетрпение го очекува Бритни Спирс моментот на Бојан Јовановски преку неговиот нов документарец „Рекет“ кој ќе одекнува во етерот како реклама за животот и делото на господинот Ѓорѓија Џорџ Атанасоски на телевизија Сонце.
Не можев да си дојдам дома од вас ама честито! До година пак. ❤️
Лани за ПРВ ПАТ во мојов живот трчав 11км дистанца на штафета. Во живот немам трчано како дисциплина, мразев трчање. Една година подоцна, полумаратон.
Серка немаше како за прв 21 ама имаше исполнување на желбата да сум под 2 часа. Мислам дека беше до чорапите со принт на крава
1
7
720
Ако некој проба да ја отвори вратата додека сум во тоалет на работа почињам да ја пеам македонската верзија од Покемон бидејки не знам што треба да кажам за да доловам дека тоалетот не е слободен.
Сакав да се пишам Ангела Конти ама ми се згреши и сега сум Ангела Нокти. Гел надградба со шара лесна 500 денари, со тешка шара три бои 750 денари.
До вчера никаде ве немаше мои пријатели, а денес сите ми ѕвоните на телефон да ви ѓи вратам парите. Сѐ било сепак само од корист.
1
10
639
Пред да бидам Конти менаџерка, бев естрадна менаџерка. Имам сѐ видено. Ако можев во среда да го натерам Миле Кузмановски да пее во Кичево на крштевка, можам и Конти во сабота.
Мои фанови и инвеститори на кои и самиот Ворен Бафет би завидил — дали би можеле да ми го препратите линкот од Конти телеграм групата? По грешка ми се избришал, а јас како менаџерка морам да го имам за да менаџирам. Ви благодарам.



