Реактор – Истражување во акција отвора повик за сите млади кои сакаат да истражуваат, да ги препознаат важните локални теми и да дадат глас на приказните што го отвораат патот кон позитивни промени во заедницата. Прочитајте повеќе: bit.ly/javenpovikskola
REACTOR retweeted
If you could send one message to the EU and national governments, what would it be?
At our #BrusselsAdvocacyWeek Tania Ivanova from @reactormkd shared why investing in women's civil society organisations matters for democracy.👇
#EUAccession #WesternBalkans #WomensRights
Проектот „Соработка во областа на здравството со Северна Македонија“ го спроведува Реактор - Истражување во акција, а финансиски е поддржан од Амбасадата на Франција во Скопје.
Повеќе на оваа тема прочитајте во нашата публикација„Вон рамките на намалување на симптомите: Комбинирана евалуација на постпородилна групна интервенција и нејзиното влијание врз емоционалното искуство и перцепираните промени кај жените“: bit.ly/4onrBer
Наодите од нашите истражувања сугерираат дека постпородилните групни интервенции можат да олеснат значајни релациски, емоционални и идентитетски процеси кои не се целосно опфатени со симптомски мерки.
Жените по породувањето се изложени на зголемен ризик од симптоми на депресија и анксиозност, додека групните интервенции сè повеќе се препорачуваат за обезбедување емоционална поддршка и олеснување на прилагодувањето.
Проектот „Соработка во областа на здравството со Северна Македонија“ го спроведува Реактор - Истражување во акција, а финансиски е поддржан од Амбасадата на Франција во Скопје
За тоа кој се грижи за мајките, како и за мајчинството, менталното здравје и невидливиот товар на очекувањата, прочитајте повеќе во нашата публикација: reactor.org.mk/publication-a…
Што зборувавме на дискусијата, и кои се заклучоците, прочитајте во продолжение: bit.ly/438FP9c
Ова се само дел од заклучоците од вчерашната тркалезна маса насловена „Патеки на грижа за менталното здравје на мајките“, која се одржа во склоп на конференцијата: „Мајчиното ментално здравје како приоритет: Од препознавање кон достапна поддршка за секоја мајка“.
Развојот на локални услуги и механизми за поддршка е еден од клучните предуслови за навремена, достапна и ефективна грижа за мајките и нивните семејства.
Затоа е важно овие прашања да бидат препознаени и адресирани системски, а поддршката да биде достапна таму каде што жените живеат.
Многу од предизвиците со кои се соочуваат жените за време на бременоста и по породувањето не се индивидуални или изолирани искуства, туку реалност што ја споделуваат голем број мајки.
Се одржа конференцијата „Мајчиното ментално здравје како приоритет: Од препознавање кон достапна поддршка за секоја мајка“: reactor.org.mk/%d0%bc%d0%b0%…


































